Сведоци сме на енормниот раст на возила во Скопје. Дали може
нешто да се направи?
Неколку предлози......
Живееме во турбо време, кој трча, кој не стасува, а главен меѓуемелент у све тоа
разбира се, сообраќајот у главниот град. Другите градови ја имаат таа среќа да,
барем сеуште немаат сообраќајни проблеми или барем не во таа мерка ко нашето ни
Скопје
Големите татковци у принцип стално нешто преправат и градат, но од глобално
решение ни трага ни глас. Да не полемизираме зошто и како, него да видиме како
да се справиме со моменталната состојба (друго не ни останува)
Значи ќе дадам мои предлози, конкретни за Скопје, а Ве повикувам и Вие истото да
го направите. Со употреба на предлозите и раширување на текстот и работите од
него (директно или спонтано) можеби барем малце самите ќе си придонесеме.
- Не притискајте кочница дур чекате на семафор (за рамни раскрсници) - тој
одпозади го маваат вашите штоп светла у око без потреба. Во контекст - обидите
се да се доближите до тој пред Вас дур чекате за да не му светат вашите светла у
очи (преку ретровизорите).
- Ако баш не е битно врзано вашето излегување со термин, обидете се да излезете
после 16 часот - помалку гужва
- Обавезно дигните прст (среден нели) на шоферите на градски што излетујат ко
повампирено од крајно десна у крајно лева трака на Партизанска за да кјарат боља
позиција од конкурентскиот автобус за наредната станица. Исото напрајте го ако
приметите турбо брканица или слична вратоломија измеѓу глупите ривали
- Обавезно возете се во убави таксија, пезетки со плин кој корне, или возило со
две врати никако: Приметете који се тие, или од такси станица земете си убава
кола иако можеби е четврта на ред. Кога ќе влезете у таксито, дур се возите,
опоменете го такси талентот , да не ви почнува со авто-библио-биографија, него
нека нагази пошто брзате (можда и не брзате ама они по дифолт го тупат и се
влечат ко црева). Ако вртите кај некое здружение барајте од диспечерката убава
кола.
- Обавезно светкајте ако треба и свирете на тупаџиски елементи, во голема мера и
таксисти, кои возат ко да го ослободиле Скопје (споро возење на најлевалента и
сл). Иако катастрофа улици, да се обидеме да направиме некаква
динамика-Едуцирајте ги пензионерите кои што ги познавате дека немора баш у
шпицеви да возат (нормално и да тупат) Они бар не требаат да брзаат негде у 7.30
сабајле. На пазар има бољи цени у 10.00 (можда и нема ама ако се убедат ке идат
у 10 а не у 7)
- Не употребувајте светла за магла коа нема
- На семафор тргнувајте малку подинамично
- Застанувајте на пешачки (иако е досадно) , и внимавајте да не ве опаше некој
од позади, ради и негова ненавика за застанување за пешаци
- Свирите на пешаци кои преаѓаат на нивно црвено
- Ако на некого му влегувате во лента, обидете се да не го терате да стиска
кочница
- Ако сте во најлева лента и приметувате дека тој десно од вас има иста брзина,
пуштете го да одмине и приклучете се десно, ослободувајќи ја лентата за некој
што вози побрзо
- Ако на лева трака идете лево а први сте во траката пред семафорот , дајте лев
жмигавец порано за да некој кој сака да цепи право не ви се залепи, а после да
се обидуе да иде у средна трака. Не дека е сообраќајно исправно, ама корисно е
да се цепи по левата трака, дур у средна го тупи некој буљаш.
- Употребувајте жмигавци - немојте да шпарате, осим дур чекате на семафор. Тој
позади вас ке му светка у глава уште 10 минути после. За се друго, коа мењате
правец обавезно!
- Кога треба да подзатанете, да оставите или соберете некого, обидете се да
застанете
така (доколку е можно нели) да не блокирате
сообраќај позади Вас. Уште подобро, договрете се со тој што треба да го соберете,
на место каде е згодно за тоа а да не блокирате никого
- Обидете се да не платите на паркинзите кои не нудат ништо (хинт паркингот пред
комплекс банки)
.......
сите Ваши предлози добредојдени.....
Yarre